Ние развиваме

Револуционерни бизнис
софтверски решенија

Ние создаваме

Идеи за
најдобри резултати

Ние сме тим

Кој создава
професионален софтвер

Когнос е софтверска компанија која нуди решенија за повеќе дејности. Софтверските решенија за малопродажба (основен пакет + нормативи и раздолжување по нив), ресторанско работење (основен пакет + нормативи и раздолжување по нив), аптекарскиот софтвер (комерцијално и фондовско), големопродажба (основен пакет магацинско материјално работење + финасова оператива), материјално финансово работење, медицински софтвер (прегледи, лабараториски анализи, договори...), андроид апликација за генерирање нарачки (автоматско преземање на истите во софтверот). Овде посебно е важно да се споменат перформансите на споменатите решенија поединечно, пример: во модулот малопродажба корисниците имаат можност да изготвуваат сметкопотврди, во секој момент да добијат извештај за промет без да се затвора формата каса, втора каса (можност да се зачува одредена сметка а притоа да се пушти друга сметка), и можноста да се работи со клуб картички. Кај аптекарскиот софтвер важно е да се спомене дека фактурите кои се добиваат во фирмата а се од "МакедонијаЛек" или од "Феникс" автоматски се преземаат во софтверот директно од веб на споменатите добавувачи. За материјално и финансовото работење карактеристично е: автоматско книжење на било кој документ изработен во софтверот, генерирање автоматски излезни фактури, прием на стоки, увоз, изготвување на товарни листови, нивелации и сл. Медицинскиот софтвер има можности за изработка на договори, автоматски од нив може да се генерираат прегледи и здравствени картони, внес на сите општи параметри за преглед, лабараториски анализи анамнези и комплетна евиденција во амбулантски дневник. Овде а и кај останатите решенија специфично е што Когнос има можност било кој извештај од софтверот во било кој интервал да може да се подеси да стигнува на одредена електронска пошта (автоматски e-mail reporting) било тоа да се излезни фактури (до клиентите) или влезни фактури (до сметководство) или потсетници за следно склучување договори (медицниски софтвер), а исто така има можност базата со податоци секојдневно да се снима (backup) на веб.


мобилна
верзија