ПРОИЗВОДИ

Когнос аптека

Аптекарското работење е целосно прилагодено на потребите на корисниците, од автоматско преземање на податоци од e-recepti серверот, преземање на податоци за Доктори и Специјалисти од веб на министерство за здравство па се до автоматска реализација на избраните лекарства и преземање на влезните фактури од МакедонијаЛек и од Феникс директно од нивните веб страници. Месечната потрошувачка се генерира автоматски од продажбата во текот на месецот а притоа се генерира XML file кој потоа се прикачува на веб на lekovi.zdravstvo.gov.mk, пратење на искористенота на квотата и најважно програмски генерирање на ФЗО фактури и електронски рецептен образец.

Когнос малопродажба

Когнос малопродажба е посебно прилагоден софтвер за работа во продавници (прилагодливо е посебно и за ресторан). Предности кои вреди да се споменат се: моментално следење на прометот, изработка на издатници (расход или вересија), сметкопотврди, втора каса (за преку ред), автоматски се генерираат дневните финасиски извештаи и трговската книга, нивелации, користење на клуб картички.

Когнос големопродажба

Когнос големопродажба се карактеризира со многу погодности: користење ценовници за одредени комитенти, поделби на артикли и комитенти по типови, автоматско генерирање на излезни фактури од испратници, трговска книга на големо, можност за изработка на товарни листови, пакетно финансово книжење на излезните фактури, прегледи за залихи и картички, анализи на промет и уште многу други дополнителни извештаи и прегледи.

Когнос материјално финасово

Материјалното и финансово сметководство се основа на секое претпријатие. Сите процеси во Когнос материјално финасово се автоматизирани, користење ценовници, генерирање излезни фактури, пакетно книжење на документи, влезни документи, приемници, увоз (царински и материјални трошоци и нивна распределба). Извештаи и анализи за материјалните состојби (залихи или картички) и финансиски показатели (салда на комитенти или картички) Сите овие документи (исто важи и за било кој Когнос пакет) може да се конфигурира да стигнуваат на одредена електронска пошта во било кој интервал и временски период.

Когнос медика (Цезар)

Когнос медика е софтвер кој е специјализиран за работа на медицински установи кои ги обезбедуваат следниве услуги на пациенти: склучување договори за медицински прегледи (со и без обуки за прва помош), внес на сите општи параметри при преглед, изготвување на лабараториски анализи, анамнези. Когнос медика (Цезар) автоматски обезбедува податоци за следно (можно) склучување договор за систематски прегледи и автоматско праќање електронска пошта на корисниците..

Когнос андроид

Андроид апликацијата на Когнос е корисна за сите клиенти кои имаат теренска продажба. Со користење на апликацијата може да се генерираат порачки кои при тоа автоматски се пресликуваат во софтверот (од андроид апаратот) а од нив се генерираат испратници. Може да се користат и при дистрибуција на опслужување на сопствени средства на терен (Кафемати или ...) ....Корисникот на андроидот има и повратни информации за клиентот кој го опслужува (финасова оператвива) односно картичка на комитентот а и магацинска картицка за артиклите кои ги продава.


мобилна
верзија